
Ракометната репрезентација на Македонија денес во Копер ќе игра против Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2026.
Натпреварот ќе биде во сенка поради големата трагедија која се случи во Кочани, кога при пожар на дискотека животот го загубија 59 лица.
Натпреварот е потврдено дека ќе започне со едноминутно молчење, а за нашите ракометари оваа ќе биде тежок натпревар.
„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, се вели во соопштението на РФМ.
Мечот е закажан за во 18:30 часот, а на првото соочување Македонија загуби во Скопје од Словенија со 26:32.
Александар Ванев, М-Нет