Руска салата по стар штипски рецепт – дали младите ставаат туршија?

Корнишони, карфиол, морков, зелен патлиџан и зелка, производи кои се користат за подготвка на руска салата. По стар рецепт штипјанки велат ја подготвуваат за зимските денови, а е салата која се прави со години наназад. Велат, не е тешко да се подготви, а е доста вкусна, додавајќи дека содржи доста витамини. Освен оваа салата при крај се и подготвките на зимница и туршија согласни се тие, освен за зелката за која велат се става кога температурите се понсики.

„Имаме си ние рецепти, од се по кило издробеш и пресол знаеме колку да се стави.“

Повозрасните прават, младите купуваат велат анкетираните штипјанки. Согласни се дека поголем дел од зимниците како и салатите може да се купат во маркетите, па подготовката дома се почесто се избегнува.

Во врска со цените на производите потребни за подготовка на руска сала граѓаните велат за секого различно. Но за оние со ниски примања е скапо па зимница и туршија се прави само за проба.

Лаура Стојанова М-Нет