
Брокулата овој период се најде на листата хтанливи производи кои се нудат на граѓаните. Ванчо Богоев од Кочани веќе подолго време се занимава со производство на градински култури, а меѓу другото во неговата градина може да се најде и брокулата. Вели еден од ретките е кој наместо песициди користи коприва како алтернатива, со цел граѓаните да купуваат чиста и органска храна.
„Во нашат градина расте брокулата, околу 1500 метри квадратни, лично наше производство. Ретки сме кои користиме органско производство, со минимум употреба на песцитиди, алтернативно користиме коприва се со цел да производот биде чист по мерка на нашите потрошувачи“ – вели Богоев.
За корисните својства на брокулата граѓаните веќе се добро запзнаени, па ова е една од причините поради која брокулата се бара и се купува. Богоев додава дека во кочанско е една од омилените состојки за супа.
„Брокулата има витамин Ц и Д кои се неопходни особено за овој период. Во Кочани и кочанско брокулата се користи, заедно со морковот кој е богат со керотин. Брокулата е добра за чоорби и супи особено за мали деца и за нивниот имунитет“ – додава Богоев.
Оваа година временските услови уништија дел од градинарските производи и заради ова цените се повисоки за 30%.
„За жал оваа година заради неприликите временски, влагата на почетокот, па екстремно високи температури нема доволно производство. Токму затоа градинарските производи се до 30% поскапи“ – додава Богоев.
Брокулата заедно со морков, магданос и други градинaрски култури секој четврток може да се најдат на тезгата кај Богоев.
Лаура Стојанова М-Нет