
Ракометниот клуб Астибо од Штип започна со упис на нови членови. Уписот е за деца родени 2018 година и поголеми. Тренинзите се одржуваат во реновираната спортска сала при ООУ „Тошо Арсов“ во Штип.
Како што велат од клубот, ракометот е вистински избор, се гради сила и координација, учење на тимска работа и дисциплина, а притоа носат насмевки и онви пријателства.
Тренер е искусната ракометарка Марија Анчева, а минатата сезона токму под водство на Анчева, пионерките на Астибо минатата сезона завршија на третото место на фајнл-форот и сезакитија со бронзениот медал.
Инаку, Астибо се натпреварува во Суперлигата односно во ракометната елита на Македонија со осумтте најдобри екипи. Токму тоа е уште една причина за младите ракометни надежи бидејќи ќе имаат можност во иднина да заиграат за сениорскиот тим на Астибо и да бидат дел најсилното ракометно натпреварување во женска конкуренција во Македонија.
Александар Ванев, М-Нет