РК „ Астибо“ го враќа шармот на штипскиот женски Ракомет

Ракометарките на Астибо предводени од тренерот Дејан Величков испишуваат некоја нова страница за женскиот ракомет во Штип а колку за потсетување капитен и воедно помошен тренер на екипата е Марија Анчева. По 5 годишна пауза традицијата на некогашниот клуб Кожувчанка ја продолжуваат девојките на Астибо со натпревари во елитната Супер ракометна лига на Македонија. Во првото коло во Свети Николе екипата на Овче Поле го победи тимот на Асттибо со резултат 29:24, во второто коло штипските ракометарки беа слободни а утре среда за прв пат ќе се појават пред штипската публика. Согласно протоколот ќе биде дозволен влез на 30 % навивачи со сертификат за вакцинација или за прележан Ковид во последните 45 дена. Мора да нагласиме дека за навивачи под 18 години не е потребен сертификат. Ракометниот натпревар од третото првенствено коло Астибо – Спартак (Скопје) ќе се одигра во среда 29 септември во салата на ООУ „Тошо Арсов“ со почеток во 17.30 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk