Решавање на проблемот со дефицитот на здравствени работници – приоритет за министерот за здравство Таравари

Здравството во државата бележи сериозен крах. Дефицитот на медициснки работници во Клиничките болници ширум државата постојано се зголемува. На денешната посета беше истакнато прашањето за дефицтот на медицинските работнтици. Министерот за здравство Арбен Таравари од лице место посочи дека болницте во државата бележат дефицит на медициснки сестри, хирурзи, анестезиолози, неврохирурзи . Истакна дека еден од главните приоритети на новата влада ќе биде да се пронајде решение за невработеноста со што ќе придонесе бројката во иднина да се намали.

„Се надевам дека има дефицит на медицински кадар секаде низ болниците и низ Клиничкиот центар мораме тоа итно да го решиме. Да бидеме синхронизирани нормално со Владата да добиеме и дозвола од премиерот. Се надевам дека ќе има набргу решение за тие вработувања. Дури и специјализанти кои што се приватни специјализации јас мислам дека не треба да постои бидејќи нема друг пример во светот каде што има приватни специјализации. Тие што се приватни специјализанти да бидат вработени во болниците низ јавните здравствени установи.“ вели Таравари

Изјави дека веќе се разрешени седум вршители на директорски дејности, и уште толку ќе бидат разрешени утре или во следните денови. Во иднина ќе се работи на менување на законот за економски директори, посочи Таравари

„Денеска разрешив шест или седум директори кои што беа в.д директори економски. Се надевам дека во тек на идниот ден и задутре ќе видам уште шест- седум, 14 се в.д. Другите ќе причекаме законот експресно да го смениме да нема веќе економски директори. Се надевам дека за месец дена нема да има ни еден економски директор.“ посочи Таравари

Последен пат во Штипската Клиничка болници беа вработени 16 здравствени работници во месец јули минaтата година од кои осум лекари по еден стоматолог и еден физиотеправет и шест медицински сестри. Но недостигаат од 100 вработени со што сериозен е проблемот со недостигот на хигиеничарки и болничарки. Од болницата апелираа дека е потребно вработување на нови здравствени работници со цел да може да се задоволат потребите на пациентите од Штип, истокот и целиот регион.