
По воведните тренинзи, македонските одбојкари ќе започнат да работат на креација во играта за квалификациските натпревари за Европското првенство 2026 година, а кои натпревари се играат во август.
Репрезентацијата на Македонија е сместена во Маврово каде се темпира формата, а таму нашата репрезентација ќе остане уште четири денови, по што ќе следуваат првите пријателски натпревари на крајот од оваа недела против Црна Гора.
Средниот блокер Филип Маџунков очекува триумф за нашата репрезентација против Грузија и Грција, два квалификациски натпревари кои ги игра Македонија во месец август, а со победи ќе биде трасиран патот кон четврти континентален собир уште овој август.
Условите во Маврово каде се подготвува нашата репрезентација се одлични, а сега ќе следуваат и пријателските натпревари со цел да се истемпира формата за квалификациските натпревари.
Александар Ванев, М-Нет