Реми на дербито меѓу Џепчишти и лидерот Влазерими, Речица до три бода, реми и во Боговиње

Викендот се одиграа натпреварите од 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а дербито на колото го одиграа второпласираниот Џепчишти и лидерот Влазерими, меч кој заврши без победник и без голови (0:0).

Напредок загуби од Речица со резултат од 0:2 со што некогашниот прволигаш од Кичево е на дното од табелата. Гостинот до победата дојде во вториот дел со головите на Абдули и Џемаили.

Зајази со голот на Џемаили дојде до триумф од 1:0 над екипата на Камјани, а пак Дрита и Љуботен ремизираа во Боговиње играјќи 1:1. Љуботен прв дојде до водство со голот на Костадиноски во 18. минута, а Алили во 62. минута постигна гол за конечни 1:1.

Лидер е Влазерими со 35 бодови, Џепчишти е втор со 28 бодови, на третото место е Дрита со 25 бодови. На делба на четвртото место се Дрита и Зајази, а пак Камјани и Љуботен со по 10 бода го делат шестото место, а дното е Напредок со девет бодови.

Александар Ванев, М-Нет