
Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига екипата на Беса од Добри Дол за новата сезона се засили со Ремзифаик Селмани од штипска Брегалница, дознава телевизија М Нет.
Екипата на Беса го засилува нападот со 27-годишниот фудбалер од Тетово, кој одигра една полусезона во дресот на штипскиот прволигаш, кој испадна во Втората лига, а заминувањето на искусниот Селмани беше сосема очекувано.
Селмани потекнува од Ренова, во својата кариера има настапувано за сениорскиот тим на Ренова, Шкендија, Гостивар и Брегалница, додека пак надвор од Македонија настапуваше за Ујпешт и Мезоковесд од Унгарија, косовски Љапи и Партизани од Албанија.
Минатата сезона Селмани одигра 22 натпревари во Првата македонска фудбалска лига постигна четири погодоци, а имаше и четири асистенции, поминувајќи 1672 минути на фудбалските терени.
Александар Ванев, М-Нет