
Младиот пливач Методи Георгиев нижи големи успеси во овој спорт како на домашната така и на меѓународната сцена.
Георгиев осум години веќе активно тренира, започнал на својата 11-годишна возраст, започна во штипскиот клуб Челични, а потоа продолжува со тренирање во Скопје.
Младиот пливач веќе има настапувано на повеќе маратони, а сега се подготвува за настап на Меѓународниот пливачки митинг во Подгорица, Црна Гора, а потоа следуваат и други домашни натпревари.
Во својата кариера Георгиев има освоено повеќе медали и има постигнато големи успеси како во Македонија, така и во странство.
Голем успех во силна конкуренција Георгиев забележа и на Меѓународниот пливачки митинг во Бања Лука.
Штипјанецот за овие натпревари се подготвува со по два тренинга на ден, со цел да биде во потребната форма.
Георгиев вели дека во Македонија нема многу добри услови за овој спорт, бидејќи како што вели затворени базени има само во Скопје, Куманово и Струга.
Георгиев сега со фокусот е за меѓународните натпревари во Црна Гора, кои ќе се одржат на 13. и 14. јули.
Александар Ванев, М-Нет