
За првпат вчера во Штип се организираше „кар шоу“. Настанот беше преполн со рекордни 170 автомобили и голем број на заинтересирани граѓани. Како што посочи огранизаторот, како за првпат што се организира ваков настан задоволен е од интересот и присуството на граѓаните од Штип како и од другите држави.
„На денешното кар шоу присуствуваа повеќе од 170 возила како од Штип така и од регионот.а со тоа што имавме гости од околните држави, самата денешна манифестација доби меѓународен карактер. Имавме гости од Косово, Швајцарија, Бугарија, Албанија, Србија.“
Некои имаат вложено голема сума на пари во своите автомобили, додека пак за делови нарачуваат од повеќе држави, бидејќи како што велат и самите државата не располага со голем број на делови кои им се потребни за автомобилите.
„За првпат се случува оваа манифестација кај вас, не поканија. Ние како клуб од Скопје постоиме веќе осум години, ги посетуваме сите вакви манифестации. Некои од клубот им е хоби на некои им е работа, така да собрани сме 6 возила сите сме уникатни. Што викаат моите пријатели па ти имаш вложено во твојот автомобил еден стан, така да скапо е сепак. Деловите се набавуваат од цел свет значи дефинитивно Македонија нема монгу делови ама постои интернет, нарачуваш, стига монтираш.
Во едно на територија на општина Штип се огранизираше и мото собир каде имаше голем број на учесници и посетеност на повеќе гости од странство
Во иднина се очекува се почесто да се оргазнириаат вакви манифестации каде посетеноста кај граѓаните од државата и гостите од странство се повеќе ќе расте. Во едно се оддржа и прв мото собир каде имаше изложба на 50 мотори каде целта е да се реализираат целите кои што моторџиите ги имат зацртано.
Лаура Стојанова М-Нет