Рекламите за лекарства не создаваат заинтересираност кај гледачите, штипјани се лекуваат со природни лекови

Реклами за различни видови производи или лекарства се повеќе создават незаинтересираност кај гледачите, дури седат пред малите екрани, чекајќи ги своите омилени филмови. Поголем дел од анкетираните штипјани велат дека на ваквите реклами не веруваат, бидејќи како што додаваат досега од истите купиле многупати, но откако се увериле дека немаат ефект, осстануваат само реклами, на кој тие не им одаваат никакво внимание.

„Дубара за пара , a. Абе се е за пари, за да се троши нивниот производ. Јас не верувам, земат некој, ама ако немат ефект, готово крај.“, велат граѓаните

„Слабо се верува, ама мора да се купе, надеж. Јас сум купувал по 2000 денари масти за половина, колена, ама слабо има ефект.“, истакнаа граѓаните

Друг дел велат дека веруваат единствено на рекламите за во домакинството, но кога станува збор за лекарства мислењето им е спротивно.

Она што понатаму останува е тоа колку луѓето секојдневно гледајќи телевизија оддаваат внимание на рекламите или тие се само нивен другар дури го пиат своето кафе, чекајки ги своите серии и филмови.

Лаура Стојанова, М-Нет