
Правењето сарма во македонската кујна е нераскинлив дел од традицијата. Се подготвува со праз, месо, ориз и зелка, а старите и искусни домакинки велат дека за вкусна сарма е потребно најголем зачин а тоа е љубовта. Пред камерите на М-Нет штипјанки велат дека сармата може да се подготви и мрсна и посна, ама имајќи во предвид божикниот пост, ќе се подготвува со ореви и печурки.
Домакинките ја подготвуваат сармата на различен начин. Мотана, растурена, или пак подварена, дали тоа од штавел, лозов лист, блитва или зелка, сите се вкусни на свој начин.
Инаку, сармата има потекло од турската кујна, а самиот збор „сарма“ има потекло од турскиот јазик и означува „да се свитка“.
Лаура Стојанова, М-Нет