Реката Брегалница засега нема можност од излевање во Штип, нивото е 150 см

Реката Брегалница засега нема можност од излевања во Штип, појаснува штипјанецот Киро Маџунаров, кој со децении го мери нивото на реката. Според неговите податоци, моменталната состојба на реката е 158 сантиметри, ниво кое е одраз на поголемите врнежи од дожд, кој само во месец ноември бележат 122 литри на метар квадратен. Тој вели дека најстрашна година досега била 2013 сета кога нивото било над четири метри.

,,Според посдлените мерења во 7:30 часот водостојот на река Брегалница е 158 сантима, што значи метар и 58. Инаку за ваша информација после обилните дождови што беа овие два месеца во штип и штипско и цела Македонија октомври месец имаше 86 литри на м2, се мери месечно, додека ноември имаше 122 литри на метар квадратен врнежи. Oваа количина за штипскито дел може да направи штета само во некој ниви, а поголема штета има во кочанско. Кај нас за сега најстрашно беше во 2013 година кога беше 413 сантиметри, тоа беше нешто нескојдневно. Еднаш во 50 години. Инаку, оваа количина не би требало да прави штета во штипскиот дел.“, рече Маџунаров

Маџунаров појаснува дека оваа година заклучно до почетокот на месец декември, вкупно врнежи има 490 литри на м2, бројка поголема од лани. Рече дека иако месеците јуни,јули,август и септември биле сушни со вкупно 47 литри врнежи, сепак останатитемесеци придонеле за зголемување на бројката од лани.

,,Ако се зеде во предвид дека оваа година каква беше, мај месец имаше 90 литри, јуни 0, јуни, јули, август и септември имаше 47 литри. Значи четири месеци 47 литтри врнежи, додека октовмри и ноември се стабилни. Ланската година имало 453 литри на м2, а додека до сега со месец ноември, оваа година има 490 литри. Најврнежлива година е била 2014 година со 789 литри на м2, а најсушна 2000 и 2011.“; додава Маџунаров

Според неговото мнение, оваа година е отцената како средно внрежлива, која доага до просек со очекуваното.

Иван Митев, М-Нет