
Добра забава и богата празнична атмосфера очекуваат граѓаните на Штип во деновите што следат. Од денеска градот ќе биде целосно украсен и осветлен, а вечер, со официјалното отворање на новогодишниот базар на едносмерната, започнува и празничната магија што ќе трае цел месец. Штипјани велат дека со нетрпение ја очекуваат музиката, греаното вино и богатата понуда на штандовите, уверени дека ова ќе биде една од најубавите празнични програми досега.
Целата оваа новогдишна атмосфера за граѓаните ќе придонесе многу позитива, за нашите камер тие велат, барем за миг ќе можат да се одалечат од секојдневни тешкотии и проблеми.
Инаку, вечерва со почеток од 17 часот ќе започне целата оваа предновогодишна атмосфера. Најптво со најмалите дечиња ќе се освети елката на плоштадот во Штип, а потоа следува новогдишниот базар на улицата Ванчо Прќе.
Иван Митев, М-Нет