
Слаб интерес и несогласувања меѓу граѓаните за достапноста на личната карка и возачката дозвола во електронска форма. Велат дека немаат доволно познавање во областа на технологијата, а како причини ги наведуваат тешкотиите при користење на мобилните телефони и навиката документите да ги поседуваат во физичка форма, па што им притрребаат веднаш да ги извадат од паричниците и да ги покажат.
Од среда, 28 октомври, граѓаните ќе можат својата лична карта и возачката дозвола да ги имаат во електронска форма на мобилниот телефон. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најавува дека електронскиот паричник е безбеден и бесплатен за користење, но неговата употреба нема да биде задолжителна.
Ева Тушевска, М-Нет