
Колку пензионерите им помагаат на младите за полесно да го поминат месецот? Во време кога светот се соочува со високи цени, повозрасните граѓани во Штип велат дека без нивната помош, помладите многу потешко би го поминувале месецот. Затоа, дел од своите месечни примања им даваат на своите деца или внуци. Помошта е важна, велат, а поддршката треба да биде заемна, бидејќи еден ден и повозрасните ќе имаат потреба од помош.
Особено важно за бабите и дедовците се нивните внуци да имаат добар живот, па затоа велат дека не се жалат и помагаат колку што имаат можност.
Според најновите податоци од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации , во септември во однос на август индексот на цените на храната е зголемен за 1,5%, а најголем пораст има кај житариците. На месечно ниво, светските цени на пченицата се зголемија за 6,3 %, а на пченката за 5,6%, што се највисоки ниво во изминатите три година.
Зголемување на индексот на цени има и кај шеќерот за 6,1%, за млечните производи 0,1%, кај месото за 1,1%, додека кај растителните масла индексот е зголемен за 0,9%.
Иван Митев, М-Нет