
Општина Штип во соработка со повеќе министерства и делегацијата на Европската Унија од Скопје го реализираше првиот настан Генералка викед во рамки на проектот Зелена сонччева под мотото „За чисто како дома исто“.
„Оваа активност се одвива на четири локации во нашата општина и тоа во населбите „Баби“, „Сењак“, „8ми ноевмери“ и кај Мирјанина цркава во Штип. Сите ние собираме отпад и внимателно го селектираме во посебни виови вреќи и за таа цел за секои 10 кг собран отпад ќе се обезбедат садници кои исто така ќе бидат засадени во оформување на нов парк кој ќе биде наречен Сончева гора.“ – истакна Казанџиска.
Со оваа активнос преку заеднички организирани активности можеме да придонесеме до чиста и поубава општина и животна средина за сите.
На првата Генералка викенд Штип е една од десете општина во кој истата се спроведува. Од делагацијата на Европската Унија од Скопје со надеж дека ова ќе стане традиција во иднина.
Лаура Стојанова М-Нет