
Расфрлан градежен шут пред станбена зграда на улицата Христија Карпош во Штип. На само неколку чекори од фреквентна улица и тротоар по кој секојдневно поминуваат граѓани, се среќава токму оваа слика, која подолг период ги вознемирува станарите, но и секојдневните минувачи отаму. Револтирано ипраќаат фотографии до нашата телевизија, објаснувајќи ја згрозеноста од ваквата ситуација. Според нив, отпадот бил оставен од еден од станарите, но и покрај реакциите од соседите, истиот не се отстранува со денови. Во согласност со ситуацијата М-Нет телевизија се обрати до комуналниот испектор при Општина Штип Борче Везенков, кој во телефонски разговор истакна дека лицето до денес во два наврати добило опомена, но бидејќи не постапило по истата, му е изречена глоба за сторен прекршок.
,,Станарот на ул. Христијан Карош број 39 подголго време има одложено градежен отпад шут пред влезот на колективната станбена зграда и лицето прекршител до ден денес во два наврати е опоменато. Бидејќи истото лице не постапило под дадената опомена му е израчена глоба за сторен прекршок согласност законот за јавна чистота.“, соопштуваат од одделение за инспекциски надзор од Општна Штип
Од општината повторно апелираат граѓаните совесно да постапуваат и да не оставаат градежен шут и друг отпад на јавни површини. Додаваат дека одговорноста кон заедничкиот простор е одговорност на сите граѓани.
Иван Митев, М-Нет