
Производната цена од 19 денари за пченица и 15 денари за јачменот е незадоволителна за произведувачите на житарици. Велат дека потрошните материјали се со далеку повиоки цени па се остава можност во иднина никој да не се занимава со одгледување и производство на јачмен и плченица. Додаваат дека мора да се достогне и да се надмине ланската цена која беше повисока з за да може да се покријат трошоците за произвиводство на житарици.
“Мора да се достигне и да се надмине, затоа што оваа година трошоците се далку поголеми за разлика од лани. Тука нема простор за манипулирање. Мора да биде цената барем за нијанса повисока од ланската. Ние имаме цена која е повисока од откупната цена. Ние се обративме до Владата да преземе мерки, да интервенира со откуп на пченицата, согласно Законот“ – вели Каракашов.
Тешка година кога е во прашање престојната жетва, вели Каракашов. Ако не се помогне од страна на државата, Македонија од аграрна ќе биде увозно зависна земја, и површините кои оваа година беа поголеми – наредните години ќе останат празни.
„Оваа година иамме лоши климатски услови имам проблеми со болести, скапа сеидба, скапа производна цена и ќе биде тешка година. Ако државата не се вклучи активно да помогне на земјоделците мислам оти наредна година нема ниту да се посади жито. Ако се продолжи со овој тренд дека ние имаме двојно помала цена ја мислам дека никој нема да сади жито во Македонија и тоа ќе биде еден поразувачки факт за една аграрна земја да нема основна храна, а тоа е лебот.“ – додава Каракашов.
Државата минатата година дала 900 милиони евра за увоз на храна вели Каракашов што според него не треба да се дозволи. Треба вели државата да воведе механизми и да ги заштити своите земјоделци за да не се доведе во ситуација да биде зависна од увоз на храна. Како пример ја посочува Турција каде за увоз треба да се плати царина од 130%.
Лаура Стојанова М-Нет