
Расте бројот на млади кои практикуваат да се вакцинираат со ХПВ вакцина, но не само кај младата популација и повозрасните ја бараат вакцината за да се заштитат од Хуман папилома вирусот. Затоа што хуман папилома вирусот со денешниот стил на живот е најчест полово пренесуван. Инфекцијата поминува асимптоматски, вели доктор Дијана Коцева Миланова.
„Хуман папилома вирусот со денешниот стил на живеење е најчест полово преносуван вирус. Инфекцијата најчесто поминува асимптоматски, што значи дека партнерите ја пренесуваат еден на друг. Одредени типови на хуман папилома вирус предизвцикуваат рак на грлото на матаката, вулва, анус и пенис и вагина.“ – изјави доктор Коцева Миланова
Затоа додаваат дека најефикасен начин да се превенираат овие заболувања е со вакцинација која во календарот е предвидена на 12 годишна возраст. Од месец јули започната е со применување и деветовалентна вакцина, додава доктор Коцева Миланова.
„Најефикасен начин да се превенираат овие заболувањае преку ваквцинација која во нашиот календар е предвидена на 12 годишна возраст. Од јуни годинава наместо четиривалентна вакцина како што беше до сега, применуваме деветовалентна вакцина со што сме во чекор со високо развиените земји. Друга промена е што освен кај девојчиња вакцината сега е предвидена и за момчиња. Најдобор примање на вакцината е кај младата популација пред таа да започне со активен живот за да може да стекне имунитет пред да настане експозиција на вирусот.“ – додава Коцева Миланова
Постојано расте бројот на заинтересирани за да се вакцинираат со ХПВ вакцина, тоа го потврдува и податокот во пунктот за вакцинација во Штип во 2020 година опфатот бил 50,2%, а во 2023 изнесувал 60%.
„Да овие последните години расте интересот за вакцинација со ХПВ вакцина, и постари лица доаѓаат и бараат да ја примаат вакцината. Имаме податок во 2020 година во нашиот пункт за вакцинација опфатот бил околу 50,2% на подлежечките деца, за 2023 да порасне на 60%.“ – додава Коцева Миланова
Се проценува дека ХПВ-вакцината може да спречи 70% од случаите на цервикален карцином, 80% од анален карцином, 60% од вагинален карцином, 40% од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90% успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми. Во однос на заштитата веќе се достапни податоци за потврдена ефикасност од повеќе од 10 години на оваа деветвалентна вакцина.
Лаура Стојанова, М-Нет