Ракометно дерби на Деспина и Спартак, Ѓорче Петров 2 го пречекува Овче Поле од Свети Николе!

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 13. коло од плеј-аутот на женската Суперлига, а дерибто ќе се одигра меѓу Деспина и Спартак. Ова ќе биде соочување на првопласираната екипа на Спартак која има 18 бодови и Деспина која е трета и на своето конто има 14 бодови, со меч повеќе во однос на лидерот.

Екипата на Ѓорче Петров 2 на домашен терен ќе се соочи со Овче Поле од Свети Николе, во меч каде ракометарките на домашниот тим ќе бидат благи фаворити за нова победа, а тоа ќе биде соочување на четвртиот и петиот на табелата.

„Фенерџијата“ Шампион на домашен терен ќе игра со апсолутниот фаворит Пелистер. Екипата на Шампион е единствена која нема освоено бодови и има десет порази од десет натпревари и се наоѓа на дното од табелата во плеј-аутот, додека пак Пелистер е втор и против Шампион оди на десетто славје во плеј-аут сегментот.

Во рамки на оваа рунда слободна ќе биде екипата на Стружанка.

Александар Ванев, М-Нет