
Ракометната репрезентација на Македонија ги заврши настапи на Европското првенство како третопласирана репрезентација во групата Б со пораз од Данска, реми со Португалија и победа над Романија.
Веќе е познат пласманот на македонската репрезентација на шампионатот, по завршување на групната фаза, а тоа е 14. место за Македонија, имаме скок од три позиции во однос на Европското првенство од 2024 година, тогаш завршивме на 17. место.
Со ист број на бодови како Македонија е и репрезентацијата на Фарски Острови, но бидејќи имаат подобра гол разлика „фараните“ се на 13. место, а Македонија на 14. место.
Вечерва со комплетирањето на групата Е ќе бидат и официјално познати пласманите на репрезентациите кои ги завршија настапите на Европското првенство односно пласманите од последното 24. место до 13. место, па ќе остане борбата понатаму во главната фаза со останатите 12 репрезентации.
Александар Ванев, М-Нет