Ракометарките на Астибо против Куманово ќе ја бараат првата победа во плеј-офот на Суперлигата!

Ракометарките на Астибо утре ќе гостуваат кај Куманово во обид да дојдат од прва победа во плеј-офот на Суперлигата.

Штипскиот клуб испиша историја со тоа што се пласираше во плеј-офот меѓу шесте најдобри екипи во Македонија, но во овој сегмент каде се натпреварува со најквалитетните екипи се’ уште не може да забележи позитивен резултат и со тоа Астибо е на дното со 14 порази од 14 натпревари и единствен тим без бодови.

Во претходното коло Астибо беше блиску до триумф, но сепак на крај немаше среќа и го вшипа 14-тиот пораз, откако загуби од Вардар со 29:33 во Штип.

Астибо утре ќе се соочи со Куманово, во меч каде Астибо ќе ја бара првата победа во плеј-оф и прекин на серијата порази, а пак Куманово кој ќе биде фаворит ќе бара триумф после четири порази во низа, односно ќе бара излез од резултатската криза.

Натпреварот меѓу Куманово и Астибо се игра во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово со почеток од 12 часот, а судиска двојка ќе биде Божидар Јованов и Пепи Димков од Велес.

Александар Ванев, М-Нет