
Утре во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ќе се одигра големото финале од футсал Купот на Македонија, меѓу бранителот на Куп-титулата Форца и Осогово од Крива Паланка.
Форца сака одбрана на Куп титулата и со тоа по вторпат да ја освои двојната круна, додека пак Осогово за првпат се пласираше во големото финале и во историското прво финале ќе атакува на прва Куп-титула во клупската историја.
Форца ја одбрани титулата во Првата футсал лига, а сега тимот од Куманово во Радовиш оди по одбрана на Куп-титулата, а со тоа да испише уште една историја освојувајќи ја двојната круна.
Притисокот ќе биде кај Форца која е бранител на Куп-титулата, додека пак Осогово и нема што да загуби, веќе е испишана историја со тоа што тимот се пласираше во големото финале, па оди на се или ништо за освојување на првата Куп-титула во клупската историја.
Веќе се познати и официјални лица за финалето. Доне Ристовкси ќе биде прв судија, втор судија ќе биде Моника Даштевска, а пак трет судија ќе биде Бењамин Ќерими.
Голето финале кое се игра во СРЦ „25 Мај“ во Радовиш ќе започне во 19 часот.
Александар Ванев, М-Нет