Ракометарките на Астибо загубија од фаворитот Вардар во Скопје

Во натпревар од четвртото коло на женската Супер Ракометна лига на Македонија во Скопје се сретнаа екипите на Вардар и на Астибо од Штип. Однапред се знаеше дека искуството, предноста и фаворитската улога беше на страната на скопјанки, но штипските ракометарки одiграа чесно и храбро и се вратија со скромен пораз односно резултатот беше 38:25 (21:11). Штипските ракометарки се новајлии во Супер лигата и им фали неопходното искуство и ваквите натпревари се можност за стекнување на сигурност како и влевање на самодоверба во тактичките замисли на тренерот Дејан Величков. Сите ракометарки заслужуваат внимание и почит, но и во оваа прилика би ги издвоиле капитенот и помошниот тренер Марија Анчева која постигна 12 голови како и секогаш атрактивната Драгана Стојанова која забележа 9 постигнати голови.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk