Проектите на ВМРО – ДПМНЕ обезбедуваат уредување на пешачката патека во Штип

Пешачката патека во Штип дел од програмата на ВМРО – ДПМНЕ за нејзино уредување. Велосипедска патека, детски и адреналински содржини и продолжување на патеката се ветувањата на кандидатот за градоначалник, Иван Јорданов.

„Пешачката патека во Штип, онаа која го подобри животот на сите од нас и која секојдневно позитивно влијае на нашето здравје, конечно, инфраструктурно ќе се подобри. Со нашата програма гарантираме изградба на паралелна велосипедска патека покрај постоечката пешачка со што ќе ја осигураме безбедноста на рекреативците. Ќе ја доградиме и продолжиме веќе постоечката пешачка патека до населбите Караорман и Чардаклија. Покрај самата патека ќе дополниме урбани, спортски и детски содржини, а на истата ќе изградиме и адреналински парк. Сите љубители на спортското качување, картинг, скејт, ролери, ќе добијат уредени површини каде ќе уживаат на својот омилен начин. Нашиот град за четири години го гледам со насмеани и среќни граѓани, затоа што само така ја прифаќам новата иднина за Штип“, истакна Јорданов.

Јорданов додаде дека „новата иднина“ за Штип е за добробит на граѓаните, кои ќе можат да ги користат бенефитите од проектите.

Ребека Спасова МНет