
Ракометарките на Астибо претрпеа пораз од фаворитот Металург Автокманда на домашен терен со резултат 24:31 со што бодовите заминаа кај тимот од Скопје. Овој натпревар беше од 6. коло на Суперлигата, а на истиот сосема очекувано се истакна Марија Анчева, која постигна фантастични 14 погодоци, но не беа доволни за изненадување против големиот фаворит.
Кај Металург Автокоманда пет погодоци постигна Анастасија Николовска, а неколку ракометарки се истакнаа со по четири погодоци.
Штипскиот тим се држеше одлично во првиот дел од мечот, а потоа во второто полувреме гостинот од Скопје градеше сериозна предност и триумфираше со 24:31.
Пелистер се израдува на првиот сезонски триумф откако на домашен терен го доби Спартак со 23:18. За битолскиот тим десет погодоци постигна Анастасија Тодоровска, а пак за гостинот Зорица Андовска имаше девет реализации.
Фаворитот Чаир славеше висока победа над Куманово со 26:17 со што лидерот ја продолжува победничката низа. Чаир одлично го отвори мечот и од самиот старт ја контролираше играта и резултатот и без проблеми стигна до нова победа.
Шампионот Ѓорче Петров со високи 35:26 го доби убедливо Вардар на домашен терен.
Во однос на табелата Чаир е прв со 12 бодови, втор е Металург Автокоманда со 11 бодови, па следува Ѓорче Петров како трет со девет бодови. Веднаш пресек на самата табела екипата на Вардар е на четвртото место со шест бодови, а по три бодови за делба на петото место имаат Куманово и Астибо, Пелистер е седми со два бодови, а на последното осмо место е Спартак исто така со два бодови, со тоа што тимот на Спартак е единствен без триумф.
Александар Ванев, М-Нет