
Ракометниот клуб Текстилец од Штип може да се пофали со млад тим, но и со најдобри стрелци во Првата лига. Штипјани годинава играат далеку подобар ракомет од претходнодната сезона, летните подготовки даваат ефект врз играта и развојот на младите ракометари.
Клубот од Штип ги има едни од најдобрите стрелци, односно вториот и петтиот најдобар стрелец во лигата доаѓаат токму од Текстилец.
Адис Салиу од екипата на Јехона на 11 натпревари постигна 101 погодок и со тоа е најдобар стрелец, но Јован Атанасовски од екипата на Текстилец од Штип е втор со 93 погодоци и ќе цели кон тоа да го преземе врвот на листата на најдобри стрелеци. Илија Пејковски од тимот на Партизан е трет најдобра стрелец со 90 погодоци, а толку има и Даниел Андоновски од Младост.
На петтото место на листата на најдобра стрелци одново има ракометар на Текстилец, станува збор за Филип Џинес кој има 86 гола. Мице Шилегов во дресот на Вардар Неготино постигна 83 гола и со тоа е шестиот најдобра стрелце, а пак Горан Лисичков има 76 гола за Партизан, Давид Јовчевски 73 гола за Шампион, Србинот Лазар Адамовиќ има 65 гола за Младост, а толку има и Христијан Ристевски во дресот на Преспа како десетти најдобар стрелец.
Александар Ванев, М-Нет