
Ракометарите на Текстилец од Штип полека, но сигурно ја темпираат формата и добрата игра во пролетниот дел. Тие се надминаа себе си и веќе ја нанижаа и третата победа по ред. според информациите од помошниот тренер Донче Тодоров штипските млади „текстилци“ остварија нова победа и тоа на гости во Велес победувајќи го тимот на Борец со резултат 28:27. Сите играчи заслужуваат внимание и пофални зборови за нивната игра а особено се истакнува учинокот на Васе Петров кој беше мошне ефикасен постигнувајќи дури 10 голови. Добрите игри и победи во Плеј – аут разигрувањето будат елан и надеж за уште поуспешни партии и одигрување на повисоко ниво на радост и задоволство и на стручниот штаб и на своите навивачи кои засега се оддалечени од спортските сали.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk