
Вчера се одиграа 1/4 финалните натпревари во ракмите од Купот на Македонија во кои штипски Текстилец гостуваше на реномираниот тим на Вардар во Скопје. Текстилец кој се судрува со проблеми бидејќи засега тренира во салата Јордан Мијалков и тоа во вид на кондициски подготовки во неможност да игра со топка. Салата во Тошо Арсов засега им е затворена и тие се без можност за активна игра. Во такви услови беше тешко,но гордо за ракометарите на Текстилец да одигра со Вардар а резултатот беше 47:11 (22:5). Сепак огромна беше радоста на штипјани од овој меч во пресрет на претстојните првенствени возбудувања. Имено во недела започнува плеј – аут разигрувањата во Првата Македонска Ракометна лига а Текстилец ќе се сретне со тимот на Преспа од Ресен. Сеуште не е одреден точниот термин за одигрување на овој меч, како и тоа каде и во која сала истиот ќе се одигра. Ова се некои нови моменти откако младите штипски ракометари навремено уште од 10 јануари ги започнаа новите подготовки, но со проблемот за тренинг во салата Тошо Арсов плановите се пореметија и ќе биде мошне тешко до изнајдување на поволно решение.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk