Разрешен директорот на СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип

Разрешен директорот на штипската гимназија Славчо Стојменски, Тамер Јамаковски. Оваа информација тој вчера ја соопшти на својот фејсбук профил, а утринава ја потврди и за М-Нет телевизија. Во писмено соопштение напиша дека со решение од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов е разрешен од позиција директор на гимназијата.

Како човек на кој му доверивте многу ученици чувствувам должност да ве информирам дека од денес сум разрешен од функцијата директор. Ми беше посебно задоволство и благодет да работам посветено на оваа работна позиција и во периодот несебично вложив многу енергија за буквално да ја преобразам Гимназијата. За само 22 месеца направивме многу… Целосно реновирање на училиштниот двор со специјална полифлекс акрилна подлога за кошаркарското и одбојкарското игралиште како и нови лед рефлектори за осветлување на истото. Промена на подот во сите училници со поставување на нов паркет. Поставивме 15 смарт табли и лцд проектори,како и бели магнетни табли во сите училници. Набавени се 20 лаптоп уреди за уште пософистицирана настава. Набавивме спортска опрема,како и опрема за предметите од природни науки. Промена на целокупното осветлување во училиштето со поставување на лед светилки. Промена внатрешни врати и прозорци. Поставивме нова алуминиумска ограда на внатрешните скали. Во тек е целосното реконструирање на санитарните јазли на сите 4 ката во училиштето. И од понеделник требаше да стартуваме со најголемиот проект-промената на кровната конструкција… Како професор по Историја ќе останам секогаш отворен и посветен на своите ученици, и ќе ги научам на сите научни и животни вредности. Иако некои ми велат дека ова беше борба, НЕ, ова беше моја инспирација од која научив многу и излегувам како победник„ напиша Јамковски на фејсбук.

Инаку пред една недела Јамковски на прес конференција истакна дека и покрај многуте вложувања од негова страна за гимназијата сепак му се врши мобинг од страна на Локалната Власт. Тогаш од кабинетот на градоначалникот истакнаа дека имало неправилности во работењето. Јамаковски на функција директоро на гимназијата беше назначен на 10 март 2021 година, додека претходно беше вд директор. Кој ќе биде новиот диркетор на гимназијата од кабинетот на градоначалникот истакнаа дека ќе кажат во понеделник.

Лаура Стојанова М-Нет