
Едно починато лице од корона вирусот е регистрирано во штипската болница, од Виница на 69 годишна возраст. Според последните информации од извештајот од болницата во последните 24 часа новопримени се четири пациенти, испишани двајца. Со ова бројот на хоспитализирани е 34 на Инфективното одделение и еден пациент на дневна амбуланта. Кожното одделение и понатаму останува прзано, односно нема хоспиталзирани ковид пациенти. Половина од пациентите имаат потреба од кислоордна поддршка, однонсо 15 лица се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 8 лица. Слободни се 25 кревети на Инфективното одделение и 10 на Кожното, информираше портпаролот на Клиничка болница Штип, Марина Шуманска.
Во кочанската болница хоспитализирани се само четири пациенти, од ои двајца се вакцинирани, но ниту едно лице нема на кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие нема ниту примени ниту испишани пациенти. Слободни се 23 кревети на Интерното одделение за корона пациентите, информираат од болницата.
Намален е бројот и на активни ковид случаи во оштините од Истокот. Моментално активни се 431 ковид случаи, од кои најмногу во Кочани 111. Во останатите општини бројката е двоцифрена вклучувајќи ги и Штип каде има активни 97 ковид случаи и Делчево со 99. Едноцифрена е бројката во Пехчево односно таму активни се само девет корона пациенти.
Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.
Лаура Стојанова М-Нет