Разиграната Беласица го пречекува Детонит Плачковица, Осогово гостува кај Победа во Прилеп, Башкими на поправен против Скопје!

ФОТО: Александар Ванев, забрането е превземање на фотографијата без добиена согласност!

Влегуваме во самата завршница од Втората македонска фудбалска лига, остануваат уште четири кола кои ќе треба да бидат одиграни најдоцна од 17 мај, а потоа ќе следуваат бараж натпреварите за комплетирање на сезоната.

Уште 12 бодови се во игра, а неизвесно останува само во врвот односно за местата кои водат кон Прва лига, се останато е решено. Вардарски и Борец веќе овој викенд и официјално ќе ги спакуваат куферите за испаѓање во Трета лига, а пак Осогово ќе се подготвува за баражот за опстанок.

Дербито на колото ќе се игра во Гостивар меѓу Арсими и Брегалница, дерби на две екипи кои сакаат директен влез во Прва лига, а кое дерби ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија.

Башкими на домашен терен ќе игра против Скопје каде ќе нема право на грешка после поразот во Кочани од Осогово, со што тимот од Куманово ќе мора до трите бодови со цел на четири кола до крајот да не погреши за директен влез во Прва лига.

Во Струмица ќе се игра дерби на Истокот од средината на табелата за петото место меѓу разиграната Беласица и Детонит Плачковица од Радовиш. Екипата на Каменица Саса ќе бара излезе од резултатската криза против Вардар Неготино на домашен терен, а пак гостинот ќе сака продолжува на одличната победничка форма.

Лидерот Македонија ЃП како голем фаворит ќе игра против отпишаниот Борец на домашен терен, додека на „Билјанини Извори“ екипата на Охрид ќе го пречека Кожуф кој заборави да победува и се наоѓа во резултатска криза.

Екипата на Новаци на домашен терен ќе игра против „фенерџијата“ Вардарски каде домаќинот ќе биде фаворит за трите бодови, а пак Победа во Прилеп пред својата публика ќе го пречека тимот на Осогово.

„Жетварите“ влегоа во една победничка форма што е одлично пред се затоа што сосема извесно е дека Осогово ќе игра бараж за опстанок во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет