Раздвиженоста слаба, цените високи на денешниот пазар во Кочани

Последен пазарен четврток во месец јуни во Кочани. Пазарот полупразен согласни и купувачите и продавачите, дел заради високите цени на производите, дел заради топлото време. Најмногу денеска се бараше зеленчукот. Купувачите повторно велат цените на пазарот се многу високи, скапо споредбено со претходните четвртоци.

„Денешениот пазарен ден е многу скап, спрема другите пазарни денови и да ви кажам нема многу народ како што имаше порано“

Според продавачите нема раздвиженост, побарувачката е слаба, цените речиси исти како и претходно. Не се намалени само пиперот и доматот кои држат цена по 50 денари за килограм.

„Денеска многу слаб беше пазарот, компир продаваме, тиквички, краставици, тоа е наше производство. Цените се 30 денари комприот и краставицата, тиквичката 10 денари, ама слабо, Јас мислам дека не вреди да се произведува.“

Истовремено денеска во просториите на Црвен крст Кочани се спорведе редовна крводарителска акција, која се спроведува секој последен четврток од месецот.

Лаура Стојанова М-Нет