Полициски службеници затекнале штипјанец како неовластено пали огномет

На 29.06.2022 во 23.00 часот на кружниот тек на ул.„Кирил и Методиј“ со ул.„Ванчо Прке“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го затекнале М.Ј.(33) од Штип како неовластено пали огномети. На правното и на одговорното лице Д.Т.(32) од Штип изготвен им бил записник за констатиран прекршок по член 32 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.