Раздвижен пазарен ден со стандардни цени, слатка роба и сезонски артикли е она што го купуваат штипјани

Раздвижен пазарен ден со прилично ниски и исти цени како и претходниот, добра побарувачка и врвен квалитет велат продавачите кои својата роба ја продаваат на тезгите на штипскиот пазар. Тешко е да се опстанува во вакви периоди и услови иако работат со голема мака и многу труд велат продавачите.

„Цените стандардно, побарувачката за овој момент е добра по ладното доаѓаат луѓето да пазаруват ама набрзина. Тешко е да се произведува со голема мака и со голем труд е тоа што го имаме произведено. Тешко се опстанува особено на условите кои сега ги имаме многу е тешко.“ – вели Митев

Добар пазар и стандардни цени, за некој ниски за друг пак високи, но мора да се купуваат барем основните производи велат купувачите. Во овие топли денови купуваме овошје и зеленчук и конзумираме многу течности.

„Зависи кој што бара од пазарот. Пазарот е добар, треба да го имаме само. Сега купуваме сезонски артикли домат, пипер, зелка, боранија, се тоа што е слатко за јадење.“ – велат купувачите

Овој период купувачите на пазарот најчесо купуваат сезонски артикли домат, зелка, боранија затоа што во тој период тоа е најслатко додаваат купувачите.

Лаура Стојанова, М-Нет