Раздвижен пазарен ден на екстремно високи температури, најмногу се бараше доматот и бамјата

Петочен, пазарен, празничен ден. Иако екстремно високи температури, сепак раздвиженст се бележеше на градскиот пазар во Штип. Задоволни се продавачите и велат дека овој петок особено побарувачка имаат на доматите, кои се движеа до 60 денари за килограм, но и бамјата која е актуелна за периодов.

“Па добро, имаше пазар, не беше лош, туку среден пазар. Па цените се движат краставицата 50 и 40, патлиџанот 50 и 60 спрема квалитетот. Магданосот е 30 денари. Па најчесто патлиџанот се бара, бамјата се тражи во сезоната“, велат продавачите

Во ваквите топлотни бранови, малкотрпна е работата велат производителите и додаваат дека најважно е да се задржи добриот квалитет

“Е, малку е тешко за производството, мора некако да се заштитува, за да има производство, со мрежа е покриено за да може да опстане”, велат пордавачите

Дека цените се повисоки од предходниот петок , едногласни се граѓаните излезени на денешниот пазарен ден и додаваат дека според нивните месечни примања стандардите се големи

„Цените германски, како во Германија, едно евро. Нешто овошје, нешто зеленчук, а цените се горе-долу тука”, додаваат купувачите

“За нашите пензии е скап. Купуваме патлиџани, пиперки и тоа“

“Поскапо е од минатиот пазарен ден и некој работи се се качуваат, секој петок е покачено. Па пипер, кромид, нешто овошје. “

“За јадење пиперки, домати, зелка, овошје највеќе. “

Согласно продавачите и фактот дека се помала е пројавената желба од страна на младите да работат ваква работа, нормално е ситуацијата. Цените за некој од купувачите беа скапи, но за продавачите склади, имајќи во предвид скапите препарати и материјали за производство.

Лаура Стојанова М-Нет