
Штипските пожарникари, заедно со припадници на Армијата, лица од Македонски шуми, со помош од пожарникарите од Кочани и Радовиш и два хеликоптера делуваат на четири локации кај селото Селце, за ставање под контрола на пожарот на Серта. Дополнително помош со механизација има од приватни фирми од кои е побарано помош за да се трасира зона и да се спречи евентуално ширење на пожарот на штипска територија.
„Припадници на ТППЕ Штип се на терен со четири теренски возила, на четири позиции се распределени заедно со 40 припадници на Армијата, со дополнителни пет лица од Македонски шуми, теренски се делува. Со два хеликоптера се делува и воздушно. Пуштени се и осум машини за трасирање на тампон зона на земјени наноси со цел спречување и отсечување на делови кои се опожарени“ – вели Јорданов.
Луѓе и мехнизација со сите расположливи сили се борат со огнените стигии на Серта. Непредлив е пожарот бидејќи во зависност од правецот на ветрот зависи и неготово свижење. Добра вест е што вчерашниот дожд изгаси дел од жариштата на Серта од страна на Неготино, а се штити и штипска страна.
„Во моментот имаме преку десет активни пожари на целата држава. Најдобрата вест е што вчера заврна на другата страна од Серта каде имаше големи жаришта. И Криволак е саниран“ – вели Михаилов.
Во наредниот период ќе се одреди колкава штета е направена, и колку од белите дробови во државата изгореа. Михаилов вели дека штетата на Серта е огромна и потребно е еден век за да се врати како што била пред пожарите. Последици ќе има и на климата во Штип и околните населени места.
Лаура Стојанова М-Нет