
Раздвижен пазарен ден во Кочани. Тезгите изобилуваа со овошје и зеленчук, последни залихи на ајварски пипер, производи за туршија. Производство има доволно велат продавачите, ама побарувачката е делумно задоволителна. Денеска пред Задушница цените се реални велат тие. Зелката се најде во центарот на вниманието, бидејќи и е сезона и се бара и за салата и за туршија.
„Пазарот е добар мислам, луѓе излегоа, има и побарувачка, ние продаваме. Зелката се троше најмногу, цената е 50 денари на парче на младата зелка. Цената е реална.“ – велат продавачите.
За купувачите скапо. Велта согласно примањата, цените на производите се високи, а дополнително сметаат дека се покачени сега пред Задушница. Но, согласни дека мора да се купи барем по некој килограм свежо овошје и зеленчук.
На пазарот во Кочани најмногу се бараа сезонското овошје, доматот и краставицата, производите за туршија, но можеше да се купи и грав, ориз, ракија, мед и слично.
Лаура Стојанова М-Нет