Раздвижен и скап празничен пазар во Штип, зелената салата на листата најбарани производи

Раздвижен пазарен ден денес во Штип, велат продавачите на пазарот. Цените на пазарот се реалтивно исти како претходнта недела, а купувачите ги купуваат своите нопходни работи за исхрана. Прозводителите велат дека произвотсвото е сведено на минимум. Овој пазарен ден најчесто се купува марула, краставица, домат, морков,…

“Пазарот е иста цена како претходниот пазар што значи дека не е качена цената на ништо.Раздвиженост има прилично добра, купувачите се задоволни и ние продавачите сме задоволни. Производството допрва ќе излегува нагло затоа што топлината допрва доаѓа, и ќе паднат цените. Најчесто купуваат марула, зелка и морков. Побарувачката е прилично добра не е многу лошо, сега има раздвиженост поради празникот. Производство слабо, нема млади нема кој да работи, цените се прилично ниски за овој период од годината“ – велат продавачите.

И кушпувачите се децидни дека пазарот е прилично сакап, но тие сепак купуваат овошје и зеленчук, а изборот е голем. Сепак согласни се дека има и скапо и ефтино, па купувачите си гледаат по својот џеб.

Инаку, велат дека цените на основните продукти во маркетите се премногу покачени и е многу скапо. Откако на први март годинава, завршија гарантираните цени на основните продукти.

Лаура Стојанова М-Нет