Цвеќе добија жените возачи во Кочани – пораката останува да се вози одговорно

Средношколците од кочанското средно училиште „Гошо Викентев“ подарија цвеќе на жените возачи за денешниот празник. Во соработка со Локалната самоуправа и полициската станица Кочани, на неколку локации во Кочани и го честитаа празникот на жените возачи учесници во сообраќајот, со порака да бидат внимателни и да возат одговорно.

„Денес преку оваа кампања за безбедноста на патниот сообраќај и во чест на Денот на жената им посакуваме на сите учеснички во сообраќајот“ – вели Иванова.

Кампањата за безбедно учество во сообраќајот во Кочани продолжува и во наредниот период.

По повод денот на жената во Кочани Учениците и професорите од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одржаа празничниот концерт со наслов „За нашите мајки“. По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената,Во кочанската Библиотека “Искра“ се организираше промоција на најновиот автобиогравски роман „Пресек“ од авторката Маја Трајковиќ.

Лаура Стојанова М-Нет