Радовиш преку пресврт загуби од Пролет на домашен терен, Прилеп и Алкалоид до сигурни победи!

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет телевизија

Екипата на Радовиш доживеа домашен терен од Пролет, откако во меч од 5. коло на плеј-аутот од ракометната Суперлига загуби преку пресрт со 24:26. Радовишани имаа одличен почеток на мечот и на полувреме имаа 14:12, но во вториот дел скопскиот тим направи разлика за да дојде до победа.

Ивица Илиев беше прво име кај Радовиш со седум гола, а пак кај Пролет се истакна Ласко Андоновски со шест гола.

Прилеп однесе убедлива победа над Струга покрај езерото со 25:30, откако гостинот имаше одлично прво полувреме кое го доби со 9:14.

Алкалоид немаше проблеми против Бутел и на домашен терен го доби мечот со 33:30, па со тоа бодовите останаа во Автокоманда.

Колото ќе се комплетира денес со два натпревари во плеј-офот каде се игра ракометното дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, како и Тиквеш кој го пречекува Охрид, додека пак во плеј-аутот ќе играат Куманово со Борец ФЛ.

Александар Ванев, М-Нет