
Ракометарите на Радовиш конечно забележаа важа победа во борбата за директен опстанок во Суперлигата, откако со 33:23 ја доби Струга на домашен терен во многу важен момент од сезоната.
Лазар Адамовиќ со девет гола беше најдобар кај Радовиш, кај гостинот се истакна Лазар Ристиќ со шест гола.
Проелт со 36:30 го доби Борец ФЛ на домашен терен, а пак Куманово и Прилеп ремизираа играјќи 26:26, во меч од 3. коло на плеј-аутот.
Дербито во плеј-офот се играше во Битола каде шампионот Еурофарм Пелистер со 30:28 го доби Алкалоид во трката за титулата.
Најдобар стрелец кај домашниот тим беше Филип Кузмановски со осум гола, кај Алкалоид, Мартин Серафимов имаше девет гола.
Тиквеш се намачи и во финишот го доби Бутел со резултат од 26:25, а пак Вардар со 28:24 го доби Охрид во воведниот меч.
Во однос на табелата Еурофарм Пелистер е прв со девет бодови, Вардар е втор со осум бодови, Алкалоид е трет со четири бодови. Охрид е на четвртото место со три бодови, а толку има и Тиквеш кој е место подолу без бодови е Бутел.
Во плеј-аутот на делба на првото место се Пролет и Прилеп со по седум бодови, Куманово е трет со пет бодови. Борец ФЛ и Струга имат по три бодови, а дното е Радовиш со два бодови.
Алекснадар Ванев, М-Нет