
ФК Работнички продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во зимскиот преоден рок. По двете засилувања објавени вчера, денеска скопскиот прволигаш го потврди и ангажманот на стоперот Џастин Крантове.
Дваесет и петгодишниот дефанзивец во Работнички пристигнува од словачкиот клуб Тренчин, а од него се очекува да донесе дополнителна сигурност во одбранбената линија на тимот во продолжението од сезоната.
Од клубот му посакаа добредојде и успешни настапи во црвено-белиот дрес.