
Во есенскиот дел од Првата лига во пинг-понг се одиграа девет кола, а екипата на Работнички е на врвот од табелата со максимални девет победи, со 18 бодови на своето конто.
Екипата на Ѓорче Петров е втора со учинок од осум победи е еден пораз со 17 бодови, а на третото место е екипата на Крива Паланка има 16 бодови со учинок од седум – два.
На 4. место заврши тимот на Студент со 14 бодови, Куманово е петти со 13 бодови, а толку бодови има и тимот на Берово 2 со четири победи и пет порази.
На седмото место заврши екипата на Дебар Маало со 12 бодови, а толку има и Борец Тим кој е осми. На деветтото место односно претпоследното место е тимот на Рисови со 11 бодови, односно учинок од две победи и седум порази.
На дното односно на последното 10 место е екипата на Кочани со девет порази од девет натпревари и со девет бодови на своето конто.
Александар Ванев, М-Нет