Работник паднал од кров на хала во светиниколско

На 27.07.2020 во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 09.30 часот, П.М.(51) од Кавадарци, вршејќи градежни работи во фарма во близина на с. Амзабегово, светиниколско, паднал од кров од хала, при што се здобил со тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Свети Николе и трудов инспектор.