
Земјоделецот Драги Ангеловски од село Амзибегово сведочи за проблем кој започнал неодамна. Наводно до неговото лозје на далечина од 20 метри, неговиот сосед чува пчели за кој како што вели неговата безбедност е загрозена бидејќи во минатото бил каснат од пчела. За проблемот се запознати институциите.
„Со пчелите имам проблем до моето лозје се. Површина од седум декари, нема ни 20 метри одалеченост од самото лозје. Јас се имам обратено до Народен правобранител на Република Македонија, Јавен обвинител, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделие. Секаде имам одговор добиено дека пчелите се отстранети а тие се уште на лице место.„ вели Ангеловски
Ангеловски е засегнат од негативно искуство со убод од пчела. Па затоа е приморан да оди на лозјето навечер или рано наутро. Според него подобро е да се чуваат на место коа е оддалечено од неговото лозје, бидејќи не се чувствува безбедно во нивна близина.
„Мене сега не ми е проблем тој што ги чува пчелите. Кај мене друга работа има, пчела ме има каснато и од таа пчела до бензинска стигнав и од бензинска Брза помош ме однесе на лекар. Мене не ми е друго проблем, тој пак нека чува. Не е работа сега на 20 метра пчела да се чува. Не можам лозјето да си го работам така речено. Иако имам лозје, навечер одам доцна или наутро рано.“ посочи Ангеловски
Со проблемот се запознати Јавен обвинител, Министерство за внатрешни работи, Министерство за земјоделие.
Лаура Стојанова, М-Нет