
Пуштена во употреба новата реконструирана спортска сала во населбата Стар Караорман во Штип. Салата ќе ја користат учениците од подрачното училиште, најмладите генерации, како и жителите од населбата во ладните и врнежливи периоди. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека овој објект бил запоставен, но општината успеа да го реконструира и стави во функција. Додатно изјави дека проектот е финансиран од општестено одговорни компании со цел младите добијат соодветни услови.
„Се наоѓаме во населба Караорман, задоволство ми е што после извесно време откако одлучивме да овој објект во самата населба биде преадаптиран во една мини спортска саала, која што ке користи на жителите на најмладите генерации, но и учениците од подрачното училиште во населбата Караорман. Верувам дека објектот кој што беше запоставен, роиниран , успеавме да го ставеме во функција во насока на спортување, рекрација на најмладите од оваа населба во еден вид на спортска сала, која што ке овозможи не само учениците, туку и жителите во месеците кога е врнежливо и има пониски температури да спортуваат и рекреираат . Заедно со советниците сме овде за да официјално ја ставиме во употреба, овде се и учениците од подрачното училиште.“, истакна Јорданов
Во следниот период ќе се продолжи во сите населби каде што има потреба од вакви содржини за правилен раст и развој на најмладите, додава Јорданов
„Така ќе продолжиме во периодов кој што ќе следи во сите населби каде што имаше потреба од вакви содржини, да се создаде една инфраструкутра која што ќе овозможи правилен раст и развој на најмладите генерации. Морам да потенцирам дека сетоа ова што го создадовме го предаптиравме овој објект. Финансиран е од општествено одговорни компании.“, додава Јорданов
Со ваквата реализација, младите не само што ке имаат соодветно место за спортување и рекреирање, туку ќе имаат и соодветни услови во потешките временски услови, кога температурите опагаат. И во следниот период ќе се продолжи и во останатите населби со ваквата реализација со цел младите бидат целосно опремени.
Лаура Стојанова, М-Нет