Штипјани го чествуваат празникот Св. Архангел Михаил, упатија молитви за здравје и среќа

Со масовна посетеност кај црквата во горно маало во Штип, денеска граѓаните го чествуваат празникот Св. Архангел Михаил или во народот нарекуваниот свети Рангел. Дел одеа за да ги дигнат своите панагии, а друг дел за да се поклонат на архангелот Михаил, кој во христијанството е познат како прв ангел серафим. И денеска граѓаните запалија свеќа и ги упатија молитвите за здравје, мир и среќа.

Инаку, Свети Архангел Михаил е еден од најпочитуваните и најпрославените ангели и бестелесни небесни сили; тој е наречен Архистратиг, односно главен заповедник на ангелската војна, Според светото писмо и Преданието, неговото застапништо многу пати помогнало во зачувувањето на Вистинската Вера. Неговото име, на хебрејски „Ми ка ел“ значи „Кој е како Бог?“, или „Има ли ко Бог?“ и било борбен извик на ангелите на небесата во борбата против Сатаната и неговите следбеници. Верниците најчесто го повикуваат на помош при одбрана од непријатели и при немири, безредија и војни. Архангел Михаил се празнува на 21 ноември (8 ноември) заедно со останатите Сили небесни и бестелесни.

Лаура Стојанова, М-Нет